Цезар салата
Мојата омилена салата-оброк.
1. Месото се пече на скара, грил тава или краен случај се пржи. Се остава да излади.
2. Лепчето се сече на коцки, попрскува со маслиново масло и сол и се пече на тефлонска тава.
За преливот:
1. Се мешаат сенф, мајонез, јогурт. Се додава лукчето сецкано, малку масло и лимонов сок.
2. Во чинија се става дробена зелена салата, се попрскува со маслиново, балсамико и сол, па месото сечено на ленти, крутоните, прелив и пармезан. Ова како основа, а се збогатува со варено јајце, краставица и домат.
На здравје !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И јас сум една од вас <3