Испечати

Цезар салата

Цезар салата

Состојки

  • 1 свежа салата
  • 2 пилешки бели меса
  • 4 парчиња тост леб
  • 2 домати
  • 1 краставица
  • 2 варени јајца
  • 40 гр. пармезан
  • по вкус сол, маслиново масло, оцет балсамико
  • За прелив
  • 1 кафено лажиче сенф
  • 4 супени лажици мајонез
  • 2 чешниња ситно сецкани или поминати низ алатка лукче
  • 100 мл. јогурт
  • малку маслиново масло и лимонов сок

Подготовка

Мојата омилена салата-оброк.

1. Месото се пече на скара, грил тава или краен случај се пржи. Се остава да излади.
2. Лепчето се сече на коцки, попрскува со маслиново масло и сол и се пече на тефлонска тава.
За преливот:

1. Се мешаат сенф, мајонез, јогурт. Се додава лукчето сецкано, малку масло и лимонов сок.
2. Во чинија се става дробена зелена салата, се попрскува со маслиново, балсамико и сол, па месото сечено на ленти, крутоните, прелив и пармезан. Ова како основа, а се збогатува со варено јајце, краставица и домат.

На здравје !