1. Најпрвин се прави шербет. Шеќерот, водата и маргаринот се варат. Шербетот се дели во 3 садови.
2. Во првиот сад се ставаат оревите. Смесата се става во калап за бајадера. Се остава да се излади и стегни.
3. Во вториот сад се става рендано бело чоколадо. Се меша додека не се растопи чоколадото и се тура врз првиот слој. Се остава да се излади и стегни.
4. Во третиот сад се става рендано црно чоколадо. Се меша додека не се растопи чоколадото и се тура врз белиот слој.

Напомена>
мора да почекате да се стегнат слоевиоте, бидејќи ќе ви се измешаат особено вториот и третиот слој. Додека чекате да се стегнат, шербетот ќе ви се излади затоа треба пак да го стоплите малку, за да може чоколадото да се стопи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани