Киселите краставички, лукот, свежата краставица и дименото месо се сечкаат на ситни коцки. Магдоносот исто така ситно го сечкаме. Варените јајца ги рендаме на ренде и сите состојки заедно ги промешуваме.

Забелешка
Во моментот на спремање имав само неколку гранчиња свеж магдонос, кои ги ставив во салатата, ама ставив и 1 лажица сушен магдонос. Пробајте како ви е салатата на вкус, пред да ја ставате цела количина на магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани