Испечати

Финска салата

Финска салата

Состојки

  • 1 кг урда
  • 1/2 кг димена свинска плешка
  • 3 варени јајца
  • 4-5 кисели краставички
  • 1/3 од свежа краставичка
  • 200 гр кисела павлака 20 %
  • 3-4 лажици мајонез
  • 1 китка свеж магдонос
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 чешне лук

Подготовка

Киселите краставички, лукот, свежата краставица и дименото месо се сечкаат на ситни коцки. Магдоносот исто така ситно го сечкаме. Варените јајца ги рендаме на ренде и сите состојки заедно ги промешуваме.

Забелешка
Во моментот на спремање имав само неколку гранчиња свеж магдонос, кои ги ставив во салатата, ама ставив и 1 лажица сушен магдонос. Пробајте како ви е салатата на вкус, пред да ја ставате цела количина на магдонос.