Фереро сладолед е торта без печење со совршен крем. Секое залаче е чисто уживање.

Подготовка:

1. Се прави прво подлогата. Се мелат бисквитите и во нив се додаваат мелените лешници, стопениот путер и млекото. Сето ова се меси и се става како подлога во огругол плех бр26. со тапкање на смесата.
2. Се прави филот. Се мати хоплата до јака густина. Се додава киселата павлака заедно со шеќерот. Сето ова се миксира. Се додава стопеното чоколадо и мелените наполитанки. Се става овој крем врз подлогата и се декорира со рендана чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани