Сладоледни торти....Сите ги сакаме....Оваа со вкус кој потсеќа на фереро роше...

Подготовка
1. Во околу 250 мл млеко го ставаме желатинот да набабри.
2. Остатокот од млекото заедно со шеќерот ги ставаме на оган да почнат да вријат. Откако ќе почне да врие млекото го ставаме желатинот, убаво промешуваме и го оставаме да се лади.
3. Слатката павлака ја матиме до густа состојба и во неа го ставаме во млекото, убаво промешуваме. Смесата ја делиме на три дела.
4. Во првиот ставаме мелени наполитанки, во вториот мелени лешници, а во третиот дел ренданото чоколадо.
5. Во сад во кој сме ставиле најлонска фолија прво го ставаме делот со чоколадото и веднаш ја ставаме во замрзнувач. Кога малку ќе зацврсти го ставаме делот со лешниците, пак ја враќаме во ладилник. На крајот и вториот дел кога ќе зацврсти го редиме и мазниме делот со наполитанките.
6. Ја оставаме во замрзнувач до служење.

Забелешка
Млекото со желатинот откако убаво ќе се излади тогаш го мешаме со слатката павлака. Да се разбереме, не треба да е густо, ама тоа зависи и од желатинот. Мене ми беше сосема течно, со мала густина од шеќерот и желатинот. Инаку сум слушнала и дека смесата со млекото и желатинот некои ја вријат и по десет минути, јас само го растопив убаво со мешање.
Тортата се прави многу брзо, единствено нешто што одзема време е ладењето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани