Оставете го квасецот да стаса во млака вода со шеќер и потоа со него замесете тесто од двата типа на брашно, оцет и сол. Тестото треба да биде меко и еластично ако има потреба додадете уште малку брашно за да не е премногу лепливо. Поделете го на 6 топки и оставете ги покриени со крпа на топло околу 30 минути.
Во сад растопете го маргаринот и додадете го маслото. Првата топка тесто потопете ја во маслото, прво од едната, а потоа од другата страна. Ставете ја на работната површина и нежно притискајте ја со прстите и дланките. Топката сама ќе почне да се развлекува на сите страни и да се трансформира во кора, нема потреба да користите сукало или оклавија. Ќе добиете кора со дијаметар околу 40 см. Истата постапка повторете ја и со втората топка тесто. На првата развлечена кора ставете од претходно пропржениот праз и сирење. Поклопете ја кората со другата рассукана кора и завиткајте ја во ролна. Истата постапка повторете ја и со останатите топки тесто. Ќе добиете 3 ролати кои потоа се усукуваат како полжав спирално во претходно намрсена тава со големина 30 , 32 см.
Расечете ја на триаголници. Вака подготвената масленица оставете да да кисне уште 20 минути. Потоа премачкајте ја со остатокот од маслото и наросете ја со сусам. Ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 220  степени околу 30 минути. Послужете ја топла со кисело млеко или павлака. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови