Усукана масленица
Состојки
- 500 гр бело брашно
- 300 гр брашно тип1050
- 40 гр свеж квасец
- 1 лажичка а сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажица оцет
- 400 мл млака вода или ќе видете по потреба
- 80 гр маргарин
- 100 мл масло
- 5 главици праз
- по потреба сол
- по желба сусам
Подготовка
Оставете го квасецот да стаса во млака вода со шеќер и потоа со него замесете тесто од двата типа на брашно, оцет и сол. Тестото треба да биде меко и еластично ако има потреба додадете уште малку брашно за да не е премногу лепливо. Поделете го на 6 топки и оставете ги покриени со крпа на топло околу 30 минути.
Во сад растопете го маргаринот и додадете го маслото. Првата топка тесто потопете ја во маслото, прво од едната, а потоа од другата страна. Ставете ја на работната површина и нежно притискајте ја со прстите и дланките. Топката сама ќе почне да се развлекува на сите страни и да се трансформира во кора, нема потреба да користите сукало или оклавија. Ќе добиете кора со дијаметар околу 40 см. Истата постапка повторете ја и со втората топка тесто. На првата развлечена кора ставете од претходно пропржениот праз и сирење. Поклопете ја кората со другата рассукана кора и завиткајте ја во ролна. Истата постапка повторете ја и со останатите топки тесто. Ќе добиете 3 ролати кои потоа се усукуваат како полжав спирално во претходно намрсена тава со големина 30 , 32 см.
Расечете ја на триаголници. Вака подготвената масленица оставете да да кисне уште 20 минути. Потоа премачкајте ја со остатокот од маслото и наросете ја со сусам. Ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени околу 30 минути. Послужете ја топла со кисело млеко или павлака. Добар апетит.