Ги матиме белките постепено додавајки го шеќерот. Матиме во цврст снег и додаваме оцет, сецканите ореви промешуваме со лажица и го додаваме брашното. Печеме во голем плек од електричен шпорет на 220 степени. Истата постапка ја повторуваме и со втората кора. Оладените кори ги сечеме вертикално на половина .

Подготовка на крем 1 и 2.
Од еден литар млеко оставаме малку во преостанатото додаваме шеќер и го ставаме да зоврие. Во остатокот млеко ги матиме жолчките и густинот. Густинот го сипуваме во врелото млеко и вариме густ крем. Го оставаме да олади и го соединуваме со претходно изматен маргарин со прав шеќер. Овој крем го делиме на два дела во едниот ставаме сецкани ореви, а во другиот растопено чоколадо.

Подготовка на крем 3.
Во 300 гр млеко ги растопуваме карамелите во преостанатото млеко ги матиме жолчките и пудингот и сипуваме во мекото со карамели и вариме густ крем, кој го оставаме да олади. Оладен го соединуваме со претходно изматен маргарин со прав шеќер.

Оформување
кора - карамел крем - кора - чоколаден крем - кора - крем со ореви - кора

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови