Ова е еден вкусен рецепт кој може да ви послужи и за појадок и за мезенце.
Потребни се два сада во кој ќе се матат две смеси.
Во едниот сад одат две јајца заедно со јогуртот, маслото и брашното се матат со миксер.
Додаваме пециво, па вака подготвената смеса ја полеваме во намрсен плех.
Зачинуваме со сол и црн бибер.
Врз оваа смеса додаваме виршли по 4 во два реда.
Има прикажано на сликата постапка.
Потоа ги полеваме со друга смеса која претходно сме ја подготвиле.
Смесата се состои од 4 јајца кои се матат со 200 гр сирење.
Врз него се попрскува сусам или ким, тоа е по вкус.
Се пече околу 40 минути на 200 степени.
Се сече на парченца и се декорира. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови