Се надевав дека оваа година некој ќе ми го пружи тоа задоволство да ми направи торта за роденден -ништо од тоа!
Морав сама да се мачам и експериментирам.
Рецептот е виден од нет, не дека јас го смислив, ама ми се виде како експеримент и си реков или торта ќе јадат, или попара ))) Се ми се чини дека торта излезе )))

Се вика Торта од тенџере, затоа што во него се спрема. Постапката малку невообичаена, но резултира со вкусни и сочни парчиња. Не е голема по обем, но е солидно висока.

За овој рецепт, потребно е тенџере со рамни ѕидови бр 20. Ако сакате малку пониска тогаш би можело и 22ка да ви збрка работа. Висината да е минимум една солидна педа. Нахнадно ќе мерам литража па ќе кажам.
Земате мерка од газерот и исечете 2 кругови пек хартија за обложување на секоја кора што ќе ја печите. Не заборавајте подлогата и ѕидовите на тенџерето предходно да ги намастите.

Потоа 1 по 1 ги матите корите, почнувајќи по редослед на наведените состојки. Битно е дека најпрво јајцата и шеќерот треба многу добро да се изматат.

Потоа секоја кора, 1 по 1 се печи на 180Ц околу 20-25 мин.
Испечените и оладени кори со нож се пресекуваат на половина.

Пред да го спремите филот, измијте го тенџерето-ќе ви треба повторно, за филовање.

Млекото и шеќерот ставете ги за зовријат. Тргнете го садот од оган и додајте го чоколадото и маргаринот. Мешајте да се стопат, па потоа вмешајте ги мелените бисквити и ореви. Ќе добиете течен фил.

Сега го земате повторно тенџерето. Сега ќе ви ја опишам постапката како се бараше во рецептот, по која јас доследно се држев, а потоа ќе ги припишам залкучоците за измени. Земете и една кутлача.
Најпрво ставате 2 кутлачи (црпалки) од жешкиот фил во тенџерето, па потоа ја ставате кората со ореви, ја преливате со филот, па белата кора-пак од филот и така уште 2 пати.  Со останатиот фил прелијте ја тортата одозгора. Со рацете притискајте за убаво да се впие.

Потоа оставете ја тортата во тенџерето 3-4 часа на ладно, а најдобро до другиот ден добро да се стегни и впие филот. Потоа ја превртувате на рамна чинија и чекате сама да падни.

ЗАБЕЛЕШКА
Еднаш ја превртив во чинијата и бев стрплива 10 мин за сама да падни-абер немаше. Јас морав по 4 часа да ја сервирам поради околностите (ако тоа има врска со забелешката, ете) Потоа, со нож по краевите полека по ѕидот на тенџерето ја одделив и повторно ја превртив. Овој пат падна на чинијата, но на мое изненадување едната кора, онаа првата остана. Повторно интервенција со ножот па да се стави одозгора. Мека е и сочна и лесно се полнат недостатоците со раце.

СОВЕТ/ИДЕЈА
За следна прилика заклучив дека - пред да ја редам тортата во тенџерето, најпрво ќе ставам пек хартија на дното. Потоа ќе почнам прво со редење на кората, а не со фил и така сигурна сум дека освен што ќе треба малку помош со ножот по ѕидовите, друга интервенција нема да е потребна.
Она малото, соло тортуле е резултат на делчињата кои останаа не испаднати од тенџерето. Внуката беше почестена кога и кажав дека за нејзе има посебна торта хехехе...
Е сега за крај, шлагот ))) односно, јас користев 2 пакетчиња шлаг крем со вкус на ванила и прпремен спрема упатството, но можи да ја премачката со што сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани