Погача во тенџере
Надојдениот квасец се замесува со брашното, 2 јајца, јогуртот, млекото, маслото, шеќерот и солта.
Се меси средно меко тесто и се остава да надојди. Кога ќе надојди тестото го делиме на два еднакви дела и оставаме еден помал за тркалезниот дел на средина.
Двата дела ги делиме на уште два. Од првите два дела плетиме една плетенка и правиме еден ролат. Ролатот го мачкаме со растопен путер и плетенката ја ставме во продолжение на ролатот веднаш до ивиците на калапот во кој ќе ја печиме погачата.
Од третиот дел правиме кора ја сучиме и ја мачкаме со путерот ја филуваме со сирењето и виткаме ролат.
Ролатот го сечиме на 12 еднакви делови и ги редиме во калапот, во внатрешниот дел.
Од четвртиот дел пак правиме плетенка со тоа што ја плетиме над првиот ролат. Во средината го ставаме тркалезниот дел и од тестото што ќе ни остани правиме ленти за на средина и мали ружички што ги ставме до плетенката за да се пополни просторот. Јас погачата ја печев во тенџере високо број.28.
Погачата пак ја кисниме ја премачкуваме со јајцето, сусам, сончоглед и ја печиме
на 200 степени околу 30 мин,а потоа на 170 степени околу 15мин.
Ако ви остани тестото направете уште една помала плетенка која ќе ја ставите околу тркалезниот дел.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови