Водата треба да биде топла, не жешка. Во топлата вода ставете ги шеќерот и сувиот квасец. Помешајте со лажичка и оставете да отстои пет минути, за квасецот да се запени. Путерот растопете го на многу тивок оган (на силен оган ќе изгори). Во растопениот путер ставете ги зачините, промешајте и оставете да отсоти за да ги прими зачините, додека вие го подготвувате лебот. Во длабок сад ставете го брашното кое ќе го просеете заедно со солта. Направете дупка во брашното, ставете ја смесата од квасец и путерот со зачините. Ако имате миксер за леб, миксајте со него додека да се соединат состојките. Месете го 10 до 12 минути, без разлика да го правите во миксер или со рака. Треба да ви излезе меко и нелепливо тесто. Потоа, ставете го на топло да се удвои во обем, околу 1 час. На набрашнета површина, ставете го тестото и месете го 2 минути со рака. Формирајте топка и ставете ја во намрсено тенџере (огноотпорно, со соодветен капак). Расечете го тестото подлабоко, зачинете го со сол, бибер, црвен пипер малку од горе, прелијте со малку масло во засечениот дел и ставете го да се пече во рерна претходно загреана на 230 целзиусови степени. Покријте го со капак и оставете да се пече 30 минути. Потоа, намалете ја рерната на 200 целзиусови степени, извадете го капакот и печете го 15 до 20 минути, односно додека не фати кора и биде лебот печен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор