Солени принцес крофнички
КРОФНИЧКИ
1. Водата, зејтинот и солта се ставаат во сад на огин да зовријат.
2. Потоа се додаваат брашното и пецивото и се меша да не се направат грутчиња од тестото. Малку се пропржува оваа смеса и се трга настрана од огинот.
3. Се вклучува миксерот и се мати смесата додавајќи ги во неа јајцата едно по едно.
4. Откако ќе се соедини смесата, се полни во шприц за колачи (или калап за тулумби) и во плех од рерната обложен со хартија се прават формите на принцеските.
5. Излегуваат околу 20 – 25 парчиња, зависно од тоа кој како сака – помали или поголеми парчиња.
6. Се попрскуваат со сусам и се печат на 180 С околу 20 мин.
7. По печењето се сечат на половинки (горниот дел да биде како капа на принцеските) и се полнат со филот.
ФИЛ
1. Сите состојки за филот се мешаат заедно.
2. Се полнат принцеските, се поклопуваат со капите и се служат ладни.
3. Јас во овој случај ги направив и ги полнев принцеските со двата фила ( и со мајонезна салата и со салата од павлака и сирење) и ви пратив слики и од двата вида.
4. За декорација може да се попрскаат одозгора со ситно сецкан магдонос и ситно рендан кашкавал.
.............Рецептот го измислив сама, инспирирана од благите принцес крофнички, што ги правам за моите деца, кои ги обожаваат. Па покрај нив ги сакаат и солените.
Пробајте ги !
Извонредни се за секоја пригода - и секојдневна и за свечености !
Лиценца: Сите права се задржани