Испечати

Солени принцес крофнички

Солени принцес крофнички

Состојки

  • 200 мл вода
  • 100 мл масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 150 гр брашно
  • 1 пакетче прашак за печиво
  • 4 јајца
  • 1 лажица црвен пипер(ако сакате да имаат црвенкаста боја)
  • 20-30 гр сусам
  • ФИЛ
  • 150-200 гр сирење или урда
  • 3-4 кисели краставички од туршија ( може и свежи ) ситно сецкани
  • 10-тина маслинки ситно сецкани
  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал ситно сецкан
  • 100 гр мајонез или тартар сос
  • 2 -3 лажици павлака

Подготовка

КРОФНИЧКИ
1. Водата, зејтинот и солта се ставаат во сад на огин да зовријат.
2. Потоа се додаваат брашното и пецивото и се меша да не се направат грутчиња од тестото. Малку се пропржува оваа смеса и се трга настрана од огинот.
3. Се вклучува миксерот и се мати смесата додавајќи ги во неа јајцата едно по едно.
4. Откако ќе се соедини смесата, се полни во шприц за колачи (или калап за тулумби) и во плех од рерната обложен со хартија се прават формите на принцеските.
5. Излегуваат околу 20 – 25 парчиња, зависно од тоа кој како сака – помали или поголеми парчиња.
6. Се попрскуваат со сусам и се печат на 180 С околу 20 мин.
7. По печењето се сечат на половинки (горниот дел да биде како капа на принцеските) и се полнат со филот.
ФИЛ
1. Сите состојки за филот се мешаат заедно.
2. Се полнат принцеските, се поклопуваат со капите и се служат ладни.
3. Јас во овој случај ги направив и ги полнев принцеските со двата фила ( и со мајонезна салата и со салата од павлака и сирење) и ви пратив слики и од двата вида.
4. За декорација може да се попрскаат одозгора со ситно сецкан магдонос и ситно рендан кашкавал.
.............Рецептот го измислив сама, инспирирана од благите принцес крофнички, што ги правам за моите деца, кои ги обожаваат. Па покрај нив ги сакаат и солените.
Пробајте ги !
Извонредни се за секоја пригода - и секојдневна и за свечености !