Ако ви е досадно, еве ви една интересна домашна занимација...

Во мала вангла се става топлата вода ,брашното,шекерот,солта,маслото и квасецот и се остава да стаса.
Кога е стасан квасецот се замесува тесто и се додаваат зачините по желба.Се остава тестото да се дуплира.
Кога е стасано се премесува и се дели на 2 дела.Се прават 2 мали векни долги колку плехот.Ако сакате да има дупче во средината земете стапче од ражниче замотајте со алу фолија а околу него пек хартија и потоа замотајте го тестото.
Се печи на 200ц/20мин,додека да заруменат лепчињата.
Лепчињата не се сечат истиот ден ,зошто ке се ронат и кршат.Се оставаат 1 ден да отстојат.
Наредниот ден се сечат на парчиња 0,5-0,8см и се печат во релна околу 10мин.

Пријатно!
ПС/Јас неможев да чекам 1 ден и ги сечев после 2 саати ама пак се кршеа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови