Домашни Грицки
Во поголем сад се става водата, маслото за јадење, квасецот, кимот, сусамот и солта. Се промешува, па се додава брашно постепено, месејќи се додека не се измеси тврдо тестото. Потоа од тестото се замесува кора, на површина претходно намачкана со масло, кората се сече со нож на ленти ( 1 см. ) по должина. Секоја лента се спојува едниот со другиот крај, се дипли, па со ножици се сечена мали парчиња врз тавче претходно подмачкано со масло или може да се стави хартија за печење.
Се печат 30-40 мин. на 250 степени, се исклучува рерната, се промешуваат грицките и се оставаат да достојат во топлата рерна, додека не се олади. Па се служат…………
…....Пријатен апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови