24
окт
2015
Солени грицки
Најпрво се пасира сирењето со вилушка, потоа се додава маргаринот кој претходно бил на собна температура. Откако ќе се соединат се додава брашното и месиме се додека не се добие убаво и цврсто тесто. Се остава во ладна просторија или фрижидер 2 часа. Јас во месењето додавам сончоглед,семки од тиква непечени, ленено семе.
Потоа со сукало развлекуваме кора од 1 сантиметар и вадиме парчиња со калапи. Се редат во набрашнет плех и се премачкуваат со жолчка и малку зејтин. Oдозгора се наросуваат по желба (сусам ,ким, мак).Се печат на 200 степени околу трисеттина минути додека да заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови