24
авг
2012
Слатки сусамки со интегрално брашно
Во сад се ставаат путерот и шеќерот и убаво се мешаат додека не се добие хомогена смеса.
Потоа се додава млекото, жолчките, пецивото и за цело време се меша рачно ( а ако ви е полесно,може и со миксер ).
Се додава и брашното се додека да се замеси тесто.
Се прават стапчиња, се валкаат во сусам и се виткаат како потковица.
Се печат во загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути.
Ова ми е најбрзата варијанта за колачи со кафе, колку подолго стојат, повкусни се и најмногу ми се допаѓа дека се крцкави.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Тањичка кај нас најчесто се користи белото брашно, иако знаеме дека интегралното е покорисно. Белото во секој случај е полесно за употреба, додека пак интегралното си бара повеќе вештина и знаење..
Богато е со растителни влакна, кој го регулираат и метаболизмот, богато е и со сите Б витамини..фосфор и калиум...
Јас си користам македонски органски брашна,а ги купувам во трговски на 2 кат,над кино Милениум, во Биокулт...центарот за органска храна..
Вреди да се испроба..имајте си сите убав викенд...и извинете ама моиве обjаснувања..никако не успевам да бидат кратки..:)