Во сад се ставаат путерот и шеќерот и убаво се мешаат додека не се добие хомогена смеса.
Потоа се додава млекото, жолчките, пецивото и за цело време се меша рачно ( а ако ви е полесно,може и со миксер ).
Се додава и брашното се додека да се замеси тесто.
Се прават стапчиња, се валкаат во сусам и се виткаат како потковица.
Се печат во загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути.

Ова ми е најбрзата варијанта за колачи со кафе, колку подолго стојат, повкусни се и најмногу ми се допаѓа дека се крцкави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови