Слатки сусамки со интегрално брашно
Состојки
- 250 грама путер
- 13 лажици шеќер
- 1 филџан за кафе млеко
- 2 жолчки
- 1 пакетче пециво
- 300 грама бело брашно
- 200 грама интегрално пченично брашно
- 1 лажиче цимет
Подготовка
Во сад се ставаат путерот и шеќерот и убаво се мешаат додека не се добие хомогена смеса.
Потоа се додава млекото, жолчките, пецивото и за цело време се меша рачно ( а ако ви е полесно,може и со миксер ).
Се додава и брашното се додека да се замеси тесто.
Се прават стапчиња, се валкаат во сусам и се виткаат како потковица.
Се печат во загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути.
Ова ми е најбрзата варијанта за колачи со кафе, колку подолго стојат, повкусни се и најмногу ми се допаѓа дека се крцкави.