Омлет или палачинки, како сакате наречете ги, важно е дека ќе се насладите и уживате со овој лесен десерт или појадок. За на плажа само свиткајте и ставете во соодветен сад, а одлични се и без шлаг. Изборот е ваш!

Подготовка
Брусницата може да ја потопите во малку вода и лажичка екстракт од ванила, ама и не мора. Ананасот го сечкаме на мали парчиња.
Сите состојки за омлетот ги соединуваме со миксер. Со кутлача ставаме од смесата во загреана и намрсена тава што не лепи. Ставаме неколку парчиња ананас и неколку зрна сушена брусница. Откако палачинката ќе се запече, внимателно ја превртуваме на другата страна и сосем кратко ја запекуваме. Така и со останатите. Ги ладиме и сервираме со пудинг и шлаг, па посипуваме сечкани фстаци.
Излегуваат 4-6 вакви, ама бројноста зависи и од тавчето во кое ќе ги печете. Ако е помало, се разбира повеќе ќе излезат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани