Сладок омлет со ананас и брусница
Омлет или палачинки, како сакате наречете ги, важно е дека ќе се насладите и уживате со овој лесен десерт или појадок. За на плажа само свиткајте и ставете во соодветен сад, а одлични се и без шлаг. Изборот е ваш!
Подготовка
Брусницата може да ја потопите во малку вода и лажичка екстракт од ванила, ама и не мора. Ананасот го сечкаме на мали парчиња.
Сите состојки за омлетот ги соединуваме со миксер. Со кутлача ставаме од смесата во загреана и намрсена тава што не лепи. Ставаме неколку парчиња ананас и неколку зрна сушена брусница. Откако палачинката ќе се запече, внимателно ја превртуваме на другата страна и сосем кратко ја запекуваме. Така и со останатите. Ги ладиме и сервираме со пудинг и шлаг, па посипуваме сечкани фстаци.
Излегуваат 4-6 вакви, ама бројноста зависи и од тавчето во кое ќе ги печете. Ако е помало, се разбира повеќе ќе излезат.
Лиценца: Сите права се задржани
Се разбира дека секојпат може подобро, ама јас некако многу сум кнап со времево, кај готвам па и добра фотка да се направи треба да се осмисли, да се намести, треба светлина итн....ама и вака сум задоволна кога на луѓето како тебе Лиле, ќе им се допадне нешто од мене, а најважна од се ми е искреноста, па и да не е добро да се сугерира, да се каже...така стануваме подобри, барем јас...А најголеми критичари ми се моиве по дома:)
Ти благодарам што одвојуваш време да напишеш коментар иако како Велемајстор би можела само да не надгледуваш:):):)