9
јун
2015
Сладок омлет со цреши
Рецептов го гледав на телевизија, го подготвуваше странски реномиран готвач, но со друго овошје. Јас си го дотерав по моја мерка и вкус и излезе интересно вкусен десерт.
Подготовка
Јајцето ги матиме со шеќерот да се дуплира, па ги додаваме млекото и брашното. На црешите им ги вадиме семките. На загреано масло или путер ја ставаме цела смеса, а одозгора ги распоредуваме црешите. Пржиме од една страна, па внимателно го превртуваме и од другата страна кратко да се испржи.
Го сервираме и го посипуваме со сечкани фстаци и шеќер во прав.
Послужете додека е сеуште топло.
Дозата е за еден омлет, за едно лице.
Лиценца: Сите права се задржани