Свинското филе исчистете го од жиличките. Помешајте ги сите состојки за сувата маринада и втријте ги во месото. Ставете го во најлон кесичка и оставете го преку ноќ во фрижидер.
Загрејте ја рерната на 180Ц.
Во малку намастено тавче ставете го месото и печете го 30 мин.
За тоа време во аван измешајте ги сите состојки за глазурата, да добиете паста.
Извадете го месото од рерната, премачкајте го со пастата за глазирање и печете го уште 30 мин, додека не добие убава крцкава кора.
Процедете ја течноста од тавата во мало тенџерче, додајте ја водата, коцката за супа и пченкарното брашно, па варете на среден оган додека не добиете средно густ сос. Посолете и побиберете ако треба.
Во еден мал сад вргањите прелијте ги со врела вода.
Растопете го путерот во една средно голема тава, додајте ги на ливчина исечените шампињони, па пржете на силен оган додека не ја испуштат течноста. Додајте ги исцедените вргањи, пржете додека скоро цела течност не испари. Додајте ја пастата од домати, разредете со водата во која стоеја вргањите, посолете, побиберете и оставете кратко да се вари. Ако треба додајте и малку шеќер за да ја неутрализира киселоста на доматот.
Месото исечете го на парчина, прелијте со сосот и сервирајте го топло со печурките и обарен зеленчук по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани