Салата со ракчиња и кус кус
Ракчињата сварете ги во поголемо количество вода со 1 - 2 кругови лимон и малку сол. Исцедете ги и оставете ги да се оладат.
Кромидот исецкајте го многу ситно. Пиперките исецкајте ги на коцки со големина 1 цм, а на малку покрупни коцки исецкајте ги доматите. Можете и едно луто пиперче да исецкате на тенки кругчина.
Во еден мал сад со капак ставете го кус кус-от, потурете го со врела вода, посолете и оставете го поклопен 5 мин. Додајте го путерот и мешајте со вилушка сите зрнца да се раздвојат. Оставете го да се олади.
Во еден мал сад со жица измешајте ги сите состојки за салатниот прелив да добиете хомогена емулзија. Ако немате Дижонски, ставете обичен сенф.
Во голем сад за салата ставете ги пиперките, кус кус-от, кромидот, ракчињата и магдоносот и добро измешајте. Додајте околу 3/4 од преливот, измешајте уште еднаш па додајте ги сирењето и доматите мешајки внимателно да не се изгмечат. Ако ви изгледа салатата сува, додајте го преостанатиот прелив. Дотерајте го вкусот, па оставете ја салатата во фрижидер добро покриена да се спојат сите вкусови барем еден час.
Лиценца: Сите права се задржани
нема боље рибетине од свињетине :) :) :) :)
не сум по фенси јадења, јас сум ти бре брате балканец, дај свинско, ајвар, чварки.... :) :) :) :)
И се друго беше супер, но ваква салата прв пат пробав! Омилена... на секого ја препорачувам...
Поздрав
Сигурно ќе сум си притурела и јас неколку пати
Штета немаше некако време да си помуабетиме повеќе,а следниот пат ако ја носиш на средба....па нека ти текне на мене хахах.
Samo nekako morav da go trgnam sirenjeto, pa staviv kravji kaskaval sitni kockicki - toj e mek i nesolen, a poveke mi odi so rakcinjata :)
A nemav i jabolkov ocet, pa staviv pola domasen vinski, pola balsamiko - malku pusti boja, ama vkusot....Omilen!
Kaj nas, za ovaa salata sezona nema, sekogas dobredojdena.... Vidis, dobra ideja e i mek kaskaval, baska ne se roni :) A ako stavis i belo balsamiko, nema da ja ofarba...
Mnogu ti fala :))