2
јун
2014
Салата со ракчиња
Компирите ги миеме убаво и ги ставаме да се варат кога се готови ги лупиме и ги сецкаме на коцки, кромидот ситно го сецкаме и го додаваме во компирите додаваме и оцетот, малку масло и сол. Убаво ја мешаме салатата.
Ракчињата ги посолуваме со малку сол ги валкаме во брашното и ги пржиме на загреано масло додека малку поруменат. Ги додаваме во салатата и промешуваме. Одлично мезе.
Пријатен апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
fala devojki