20
јан
2020
Салата од ракчиња
Рецептот е од Руската кујна. Големо благодарам до мојата пријателка.
Ракчињата се добро миени и посолени.
Во сад со масло пропржуваме кромид, а потоа ракчињата.
Додадете го белото вино и крчкајте малку, нека се повари.
Претходно варените компири ги лупиме и сецкаме на коцки.
Откако се пржени убаво ракчињата, додадете ги компирите во тавата.
Мешајте внимателно, компирите се варени.
Зачинете со хималајска сол и црн бибер.
Попржете на тивко околу 5минути.
Откако е готово, попрскајте свеж сок од лимета.
Декорирајте со парчиња свеж лимон и лимета.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Е сега да се повторам дали сум разбрала, ги динстаме со вино, па продолжуваме да ги пржиме и на крај додаваме компир и кратко пропржуваме, така ќе му дојде Наде нели?
За чиниите имам посебна приказна. Љубител сум на декоративни
чинии,па ни новава кујна не ми стасува за да ме собере :))))