Испечати

Салата од ракчиња

Салата од ракчиња

Состојки

  • 300гр ракчиња
  • 1 парче кромид
  • 4 компир
  • 1 парче лимета
  • 150мл масло
  • 1/2 лажиче свежо мелен црн бибер
  • 200мл бело вино

Подготовка

Рецептот е од Руската кујна. Големо благодарам до мојата пријателка.
Ракчињата се добро миени и посолени.
Во сад со масло пропржуваме кромид, а потоа ракчињата.
Додадете го белото вино и крчкајте малку, нека се повари.
Претходно варените компири ги лупиме и сецкаме на коцки.
Откако се пржени убаво ракчињата, додадете ги компирите во тавата.
Мешајте внимателно, компирите се варени.
Зачинете со хималајска сол и црн бибер.
Попржете на тивко околу 5минути.
Откако е готово, попрскајте свеж сок од лимета.
Декорирајте со парчиња свеж лимон и лимета.