Салата со ракчиња и кус кус
Состојки
- 1 зелена пиперка
- 1 црвена пиперка
- 2 домати
- 1 мала главица црвен кромид
- 500 гр ракчина
- 1 рака ситно сецкан магдонос
- 1 шоља издробено Фета сирење
- 1 шоља средно крупен кус кус
- 1 шоља врела вода
- 1 - 2 лажици путер
- малку сол
- За прелив
- 1/2 шоља маслиново масло
- 1/4 шоља јаболкова киселина
- 1 лажичка Дижонски сенф
- 1/2 лажичка кумин во прав
- 1 чешне протиснат лук
- по вкус сол, бибер
Подготовка
Ракчињата сварете ги во поголемо количество вода со 1 - 2 кругови лимон и малку сол. Исцедете ги и оставете ги да се оладат.
Кромидот исецкајте го многу ситно. Пиперките исецкајте ги на коцки со големина 1 цм, а на малку покрупни коцки исецкајте ги доматите. Можете и едно луто пиперче да исецкате на тенки кругчина.
Во еден мал сад со капак ставете го кус кус-от, потурете го со врела вода, посолете и оставете го поклопен 5 мин. Додајте го путерот и мешајте со вилушка сите зрнца да се раздвојат. Оставете го да се олади.
Во еден мал сад со жица измешајте ги сите состојки за салатниот прелив да добиете хомогена емулзија. Ако немате Дижонски, ставете обичен сенф.
Во голем сад за салата ставете ги пиперките, кус кус-от, кромидот, ракчињата и магдоносот и добро измешајте. Додајте околу 3/4 од преливот, измешајте уште еднаш па додајте ги сирењето и доматите мешајки внимателно да не се изгмечат. Ако ви изгледа салатата сува, додајте го преостанатиот прелив. Дотерајте го вкусот, па оставете ја салатата во фрижидер добро покриена да се спојат сите вкусови барем еден час.