1. Пченкарното брашно ставете го во садот каде ќе месите и попарете го со водата. Промешајте со лажица и оставете го да се излади. Не му треба многу, додека се активира квасецот ќе биде оладено.
2. Квасецот помешајте го шеќерот, 2-3 лажички од брашното и малку од млекото и оставете го да се активира.
3. Во пченкарното брашно сипете го активираниот квасец, млекото, омекнатиот путер и солта и промешајте. Постепено додавајте го брашното помешано со прашокот за пециво и замесете меко мазно тесто, малку лепливо.
4. Садот со тестото покријте го со пластична фолија, па со крпа и оставете го да стаса. Премесете го и оставете го да стаса уште еднаш.
5. Потоа премесете го на набрашнета површина, обликувајте топка и ставете ја во тавчето каде ќе печете, обложено со хартија за печење или со слој од брашно.
6. Лепчето премачкајте го со вода, малку сплескајте го и посипете пченкарно брашно одозгора. Засечете радијално со остар нож, но не до центарот. Оставете го да одмори уште 10-15 минути, а рерната вклучете ја на 220 степени.
7. Печете го 10 минути на 220, а потоа намалете на 200 степени и печете додека биде добро заруменето.
8. Печеното лепче завиткајте го во крпа и поставете го косо, потпрено на нешто, за да може целосно да се олади, а да не се спари.

Пријатен апетит!

Лепчето е многу меко и вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани