Лудило, лудница, домашен чипс!

Дома е забрането да се јадат чипсови (натопени во натриум глутаминат), а сепак не сакам да им го ускратувам тоа задоволство на моите деца за таков вид на грицки, па се обидувам да измислам или пронајдам нешто слично. Затоа кога го открив рецептов на нет, да ви кажам, дека скокав од радост, а пак кога им го претставив на моите деца, тие скокаа =)

1. Рерната ја загреваме на 150 степени.
2. Водата треба да ни зоврие, па ја ставаме во останати состојки кои убаво сме ги промешале. Промешуваме и додека ги подготвуваме тавчињата и останатите потребни елементи, смесата малку ќе се стегне. Смесата не е како тесто, да се разбереме.
3. На хартија за печење ставаме половина од смесата. Врз неа ставаме пак хартија за печење и со помош на сукало или оклагија поминуваме по хартијата да се измазни смесата, да биде тенка. За оваа доза ни требаат две тавчиња од рерна.
4. Ја отстрануваме горната хартија која ќе ни послужи за развлекување на втората смеса. Хартијата на која сме ја развлекле смесата внимателно ја пренесуваме во тавчето во кое ќе се пече. Посолуваме со сол.

Во вториот дел од смесата додадов ½ лажичка чили во прав и ги посолив со мешан сушен зачин. Постапката е иста, само што оваа кора кога ја развлеков, пред да ја печам поминав со ноже за пица и направив триаголници налик на пченкарниот чипс што се продава запакуван.
5. Двете тави ги ставив во рерна и ја вклучив рерната на печење со вентилатор. Ги печев 20-25 минути. Отако ќе се испечат искршете ги, изладете ги и започнете со грицкање!

Забелешка
Многу зборови употребив за еден чипс, ама сакав убаво да ви ја објаснам постапката. Кога еднаш ќе го направите, а воопшто не е сложено, следниот пат ќе ви биде многу едноставно.
Користам хималајска сол и мешан сушен зачин без натриум глутаминат. Доколку немате рерна со вентилатор, печете ја секоја тава посебно, ама малку подолго време, околу 40 минути.
Инаку едвај успеав да направам фотографија, па ако не ви се допаѓа простете ми, навистина е тешко да се слика еден ваков рецепт =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани