Рум плочки со компири
Сварете ги компирите претходно излупени па измерени.
Испасирајте ги убаво-да нема грутчиња.
Во сад настрана изматете го маргаринот на коцки и шеќерот во прав. Кога е станат пенест додајте ја стопената чоколада, румот, какаото и компирот. Убаво измиксајте да се соедни, потоа полека додавајте мелени бисквити најпрво додадете 300 гр. бисквити.
Префрлете ја смесата на работна маса и додавајте бисквити, месете да добиете мека смеса што не се лепи за рацете.
Смесата распоредете ја на калап или плех по желба колку сакате да ви бидат високи плочките. Убаво израмнете и смесата оставете ја 1 час во фрижидер да се стегне.
Потоа исечете еднакви штангли или коцки. Едно по едно потопувајте во претохдно направената глазура-стопете ја чоколадата со маслото на пареа или тивок оган.
Потопивајте со вилушка или со раце. Кога ги потопувате ставајте ги на решетка, може да ги ставите на решетка и да ги прелевате со глазура. Оставете ги да се стврднат. Потоа соберете ги во кутија и чувајте ги во фрижидер или ладно место.
Користете прав рум, а не екстракт. Не можам да ви ја кажам точната мерка за бисквитите бидејќи сите бисквите се различни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Компирот воопшто не се осеќа нодава специвичен вкус и шмек. :)