Ружички со ореви
Во млекото се додава изронетиот квасец , 1 лаж шеќер и 1 лаж брашно и се остава да стаса квасецот. Во вангличка се стават јајцата, маслото шеќерот и солта и се мешат со вилушка. Се додава стасаниот квасец и брашното, па се замесува тесто. Се остава да стаса.
За тоа време се подготвува филот со ореви. Во сад се стават оревите и шеќерот и се попаруваат со врелото млеко. Стасаното тесто се дели на 24 топчиња. Се земат 4 топчиња се расукуваат секое посебно и се редат скалесто едно врз друго. Се премачкуваат со мармаладот, па со филот од ореви и се мотат во ролат. Со остар нож се сече ролатот на половина и се редат ружичките во калапи за мафини претходно намачкани со маргарин.
Рерната се загрева на 200 степени. Мафините се премачкуваат со жолчката разматена со млеко. Се печат околу 20 -25 минути. одозгора се посипуваат со шеќер во прав. Долго време сакав да ги направам овие ружички кои ги видов на Мињина кухињица.па еве сега ги направив и навистина се одлични.
Лиценца: Сите права се задржани
Samo ne go razbrav delenjeto na testoto, od 24 topcina , ke ispadnat 12 ruzicki? Nema da se mnogu golemi? Ili nesto razbrav gresno?