Испечати

Ружички со ореви

Ружички со ореви

Состојки

  • тесто
  • 500-600 гр брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 2 јајца
  • 2 лаж шекер
  • 1 мала лаж сол
  • 3 лаж масло
  • 250 мл млеко
  • фил
  • 100 гр ореви
  • 40 гр шекер
  • 40 мл млеко
  • за премачкување
  • 1 лаж млеко

Подготовка

Во млекото се додава изронетиот квасец , 1 лаж шеќер и 1 лаж брашно и се остава да стаса квасецот. Во вангличка се стават јајцата,  маслото шеќерот и солта и се мешат со вилушка. Се додава стасаниот квасец и брашното,  па се замесува тесто. Се остава да стаса.
За тоа време се подготвува филот со ореви. Во сад се стават оревите и шеќерот и се попаруваат со врелото млеко. Стасаното тесто се дели на 24 топчиња.  Се земат 4 топчиња се расукуваат секое посебно и се редат скалесто едно врз друго. Се премачкуваат со мармаладот, па со филот од ореви и се мотат во ролат. Со остар нож се сече ролатот на половина и се редат ружичките во калапи за мафини претходно намачкани со маргарин.
Рерната се загрева на 200 степени. Мафините се премачкуваат со жолчката разматена со млеко.  Се печат околу 20 -25 минути. одозгора се посипуваат со шеќер во прав. Долго време сакав да ги направам овие ружички кои ги видов на Мињина кухињица.па еве сега ги направив и навистина се одлични.