Ролат со кисела зелка
Лисјата зелка исчистете ги од тврдите делови.
Поставете алуминиумска фолија со димензии колку тавата во кој ќе го печете ролатот и на неа наредете ги лисјата од кисела зелка во правоаголна форма. Слободно наредете два, три слоја од зелка.
За филот, најпрво издинстајте го ситно исечканото кромитче, додајте го изренданиот морков и лукчето и тргнете го настрана. Додајте ја средата од парчињата сув леб кои претходно сте ги потопиле во млеко (исцедени), јајцето и месото, зачинете и добро измесете ја смесата.
Сместа ставете ја на крајот од лисјата и со помош на фолијата направете ролат.
Сатвете го ролатот во тавата, да се пече отприлика 1 и 1/2 час на 200 степени, отворете ја фолијата и оставете го ролатот да се допече уште петнаесетина мнути.
Сервирајте го со прилог по ваша желба. Јас го употребив пикантниот сос како подлога на парчињата ролат.
Лиценца: Сите права се задржани
:)
Rolatot odlicno podgotven:)