Превкусна роденденска торта , топло ви ја препорачувам.

1. Кората стандардно се спрема. Се печи на 180 20мин., во претходно загреана рерна, без вентилатор.
Ја печам на плех премачкан со маргарин, зошто на хартија многу ми се собира, станува нерамна кората.
Ја вадам од рерна , оставам да одмори во плехот 5 мин., па ја вадам, ја оставам да подолади и од опачината на кората ја попрскувам со мешавина од млекото и павлаката.Ладна се сечи на 3 ленти.
2. За филот жолчките ги матам, додавам пудинзите и млеко околу 2 дл. се матам, да се добие течна мазна смеса, во спротивно можат да се направат грутчиња во филот.
Остатокот од млекото се зоврива со шеќерите и понатаму се вари како пудинг.
Варам на умерен оган, со постојано мешање, околу 15 мин..Што подолго време, подобро, за да се изгуби скробниот вкус.
Тргам од оган, миксирам, го додавам чоколадото и мешам да се стопи.
Потоа оревите.
3.Оставам да се излади до млако, со чести мешања за да не се направи кора на пудингот.Го додавам изматениот маргарин, лажица по лажица, со миксирање.
Во скроз ладен крем ја вмешувам слатката павлака цврсто изматена со лажица или внимателно со миксер на мала брзина, за да не се пушти филот.
Додека го спремам грилијажот, филот во фрижидер.
4.За грилијажот го втечнувам шеќерот на умерен оган , да биде светло, ако потемни многу, можи да горчи грилијажот.
Се додаваат мелените ореви, се меша брзо и се излева на алу фолија намрсена со масло.
Кога ќе излади се мели дел по дел на машинче за мелење бисквити.
Се додава во изматената слатка павлака.
Ова е како втор фил.
5.Финална постапка
-кора-фил-грилијаж
-кора-фил-грилијаж
-кора- од сите страни по малку фил
Кога ќе излади убаво, ( се става во фрижидер, на извесно време) се украсува со ганаш.
6.За ганашот
Над пареа го топам чоколадото, слатката павлака ја затоплува до пред точка на вриење и ја додавам во чоколадото.
Мешам полека, со бавни движења, за не се направат меурчиња од воздух.
Малку да здивни и се полева врз тортата.Сепак треба да се работи брзо, зошто одма се задебелува ганажот.
Исто и со белото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани