Богата, кремаста, мошне вкусна торта која ја направив по повод роденденот на мојот сопруг. Топло ви ја препорачувам.
Веднаш ќе напоменам дека излегува шнит и половина, може да видите од фотографијата. Исто и фил има доста, од оваа доза ќе ви остане нешто или пак намалете на 750 мл. млеко и се друго во тој сооднос.

Кората се подготвува на стандарден начин.
Се матат јајцата со ванилата и шеќерот, па се додава врелата вода и останатите состојки.
Се излева во плех 32 на 39 и се печи 30 мин. на 180 степени во претходно загреана рерна-5 мин. на 200 степени.
Се остава да излади, да биде млака и се полева со компотот, убаво се попрскува.
Се сечи на три ленти.

За чоколадниот фил се зоврива млекото со ванилата, шеќерот, се додава во зовриено растворениот пудинг со ладно млеко (од целовкупното) и се вари до потребната густина.
Се додава чоколадото и се меша додека се растопи. Се остава убаво да се излади и се додава изматената слатка павлака со лесно мешање.

За белиот фил, најнапред го потопуваме желатинот со 5 лажици ладна вода и оставаме да набубри, па на тивок оган го растопуваме, да се втечни.
Го топиме чоколадото со млекото и му го додаваме растопениот желатин. Оставаме се малку да здивни и го додаваме во претнотно изматената слатка павлака.

Финална постапка
На капак од кутија ставаме една лента од кората, премачкуваме со чоколаден фил, па бел фил и редиме од овошјето. Покриваме со друга лента и ја повторуваме постапката. Може да премачкаме пак со малку чоколаден фил и полеваме со глазура-ганаш.

За него го растопуваме чоколадото и ја додаваме слатката павлака, мешаме се додека убаво не се изедначи на пареа или тивок оган.
Третата кора ја преполовуваме и ја филоваме на истиот начин, како другите две.
Декорираме по желба.

Уживајте сладејќи се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани