Ова е многу стар и наједноставен рецепт, кој се приготвувал уште од мојата прабаба и тоа рано наутро на Богојавление Водици. Се јаде заедно со пивтиите приготвени претходниот ден кога е строг пост.
Вкусот и мирисот на ова топло лебче е за мене незаменливо, а е толку едноставен и по состојките и по брзиот начин на подготовка.

Во длабок сад ставете ги сите состојки и со топла вода замесете средно меко тесто, (како за секоја погача).
Во округло плекче (или калап со обрач )ставете масло и премачкајте.
Замесеното тесто ставете го во плекот и со раце расплескајте го низ целиот плех. Потоа свртете го од другата страна и уште малку расплескајте. Со помош на вилушка украсете го лебчето и оставете да отстои додека се загрее рерната на 200 степени.
Откако ќе се загрее рерната до оваа температура ставете го да се пече додека убаво зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани