Прелиено извртено пециво
Активирајте го квасецот во дел од топлото млеко со шеќерот и прстофат брашно.
Во длабок сад за месење ставете го брашното. Во средината направете дупка, а по краевите распоредете ја солта. Измесете, додадете го останатото брашно, домесете и оставете го на топло да се дуплира.
Тестото потоа развлечете го во правоаголна кора. Намачкајте го со маргарин или сало, преклопете од долгата страна до средината, потоа уште еднаш од спротивните страни, како што се прави за лиснатите теста. Потоа уште еднаш развлечете го во големина на плехот од шпоретот. Тестото одприлика ќе ви дојди околу 1 см во висина (да си знаете).
Исечете траки со ширина од 1см и секоја ја извртуваме како спирала и ја редиме во подмачканиот плех. Така нареден плехот го оставаме уште 20 мин да нарасне.
За преливот, јајцата ги разбиваме со жица за матење, па ја додаваме павлаката и солта и промешуваме се убаво да се соедини. Со него го преливаме пецивото и го ставаме да се печи на 180С околу 40 мин. Пред да го извадите од рерна, проверете/подигнете со помош на ножот дали е добро испечен долниот дел. Тоа поради заливката, зависи и од самиот шпорет како ви печи, па ако има потреба оставете го уште малку на долниот греач (кај мене немаше потреба, но оставив кратко за превенција) .
Покријте и оставете да олади. Потоа расечете го на парчиња со големина на кифлички и послужете.
Забелешка
Сакав и си спремив урда за да премачкам после премачкувањето со маргаринот на кората, но откако го наредив тестото во плехот се сетив што не направив. Не стои во рецептот, но мислам дека урдата совршено би се вклопила во оваа убавина... па затоа во забелешка ви го пишувам како предлог за оние кои ќе решат да го направат. Јас следниот пат сигурно нема да заборавам повторно )))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
dodate go mlekoto vo receptot iako vo postapkata go ima,dodadete go vo sostojkite da nema nepotrebni komentari.
Ви благодарам женски, мило ми е што ви се допаднаа.
Лиле, јас уште многу треба да учам за да се доближам барем малку до твоите вештини. Ти благодарам за пофалбата. Од мајстор како тебе, поттикнувачки делува да се трудам се повеќе :)
Дијана, моја препорака е со изварка да се прави од прва. Така би било потполно, иако и вака веднаш се јаде :)))
Преубави Клара, преубави!
Ги измеркав, али ќе можам посна варијанта да направам, па ќе пробам (нема да стасам сега пред постиве, ама мрснава по Божиќ нема кај да бега) :):)
Лудо, ти дојди само, ќе фураме стил дебели и среќни :)))