Празнични слатки бисквити (Sweet shortbread)
Путерот изматете го пенасто со миксер. Додадете ги двете врсти на шеќер па матете уште наредни 2-3 минути.
Брашното помешајте го со солта, додадете кон путерот и на крај ставете ги брусницата, ф‘стаците и лешниците. Месете додека да добиете компактна смеса која ќе може лесно да се оформува. Доколку смесата ви се гледа премногу сува, додадете 1-2 лажици вода.
Обложете еден калап за векни со проѕирна фолија (јас го користев Делимано калапот за векни). Краевите од фолијата нека излегуваат од рабовите на калапот. Ставете ја смесата внатре и убаво израмнете ја одозгора. Покријте со фолијата и ставете во фрижидер 2 часа да се стегне.
Рерната загрејте ја на 160° и во плехот од рерната ставете хартија за печење.
Извадете го тестото од калапот и отстранете ја фолијата. Сечете парчиња со дебелина од околу 1см. и редете ги во плехот. Печете ги околу 20 мин. Откако ќе се испечат оставете ги во плехот додека да се оладат па послужете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови