Празнични бисквити со ѓумбир
Фантастични колачиња за празничниот период, а аромата додека ги подготвувате е неодолива. Совршени со чај или кафе.
Во поголем сад просејте го брашното со содата, циметот и ѓубирот. Додајте го путерот и мешајте со рака додека не добиете смеса слична на лебни трошки. Наредно во смесата додадете го кафеавиот шеќер.
Во друг сад малку проматете го јајцето заедно со медот, па измешајте се заедно. Добро измесеното тесто замотајте го во проѕирна фолија и оставете го да одмара во фрижидер најмалку половина час.
Расукајте го тестото со дебелина од околу половина сантиметар, па вадете со калап различни форми.
Печете ги колачињата во загреана рерна на 180Ц, 10 до 15 минути. Кога ќе се изладат декорирајте ги.
За декорацијата ставете ги сите состојки во еден сад и матете со миксер 3 минути на најслаба брзина. Ставете го во шприц за украсување или во кеса на која ќе го засечете сосем малку едниот крај, па декорирајте веднаш. Оставете ги додека сосема се стегне ајсингот, па уживајте.
Ајсингот за декорација може да го поделите на неколку дела и да го измешате со прехрамбени бои по желба.
Лиценца: Сите права се задржани