Ако постиме не значи дека не можеме да уживаме во вкусот на матено нескафе.
Еве и едноставен рецепт.

Во чаша ставаме нескафе, шеќер и 4 лажици вода. Со едната маталка монтирана на миксерот матиме додека да добиеме густа пена.
Оризовото млеко во прав го раствораме во вода па го доставаме во чашата со изматеното нескафе.
Уживајте во вкусот!

Забелешка
Млекото го растворам во шејкер, може да го растворите и со миксер или друга маталка. Можете да користите и инстант кафе. Доколку сакате засладете и украсете со посен чоколаден прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани