Посна сарма со печурки
Јас бев задолжена за готвењето на прославата, па правејќи нормална сарма ми дојде идеја да си направам нешто и за мене. Плус во друштвото имаше и вегетаријанка, па мораше нешто да се искомбинира.
Сармата ја подготвив без масло, но нас ни се допадна и така.
1. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот праз со малку сол и вода да се продинста додека не испари течноста. Потоа додадете ги ситно сецканите печурки и динстајте додека не испуштат течност и омекнат. На крај додадете го оризот и зачините и убаво промешајте.
2. На дното од садот ставете малку ситно сецкана зелка, потоа од листовите виткајте сармички и наредете ги од горе. Сувите пиперки исецкајте ги и наредете ги врз сармите. Додадете вода да се покријат сармите (соодветно на оризот) и ставете на оган да се крчка. Кога оризот е веќе сварен ставете го садот во рерна сосем малку да се запече. Послужете додека е топло.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Srekni praznici svetulce!!
Искрено се кај нас што стига е сомнително со оглед дека и нема некоја строга контрола, но ако гледаме така па ништо не треба да купуваме или да почнеме сами да одлгедуваме од се по нешто :)))
Користење на се во умерени количини и нема гајле :)