Испечати

Посна сарма со печурки

Посна сарма со печурки

Состојки

  • 1 страк праз
  • 150гр. свежи шампињони
  • 50гр. ориз
  • 1 мала кисела зелка
  • 3-4 суви пиперки
  • по вкус зачини сол,бибер,мајчина душичка,црвен пипер и малку кари
  • по потреба вода

Подготовка

Јас бев задолжена за готвењето на прославата, па правејќи нормална сарма ми дојде идеја да си направам нешто и за мене. Плус во друштвото имаше и вегетаријанка, па мораше нешто да се искомбинира.
Сармата ја подготвив без масло, но нас ни се допадна и така.

1. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот праз со малку сол и вода да се продинста додека не испари течноста. Потоа додадете ги ситно сецканите печурки и динстајте додека не испуштат течност и омекнат. На крај додадете го оризот и зачините и убаво промешајте.
2. На дното од садот ставете малку ситно сецкана зелка, потоа од листовите виткајте сармички и наредете ги од горе. Сувите пиперки исецкајте ги и наредете ги врз сармите. Додадете вода да се покријат сармите (соодветно на оризот) и ставете на оган да се крчка. Кога оризот е веќе сварен ставете го садот во рерна сосем малку да се запече. Послужете додека е топло.

Добар апетит =)