Најпрво се подготвува сојата според упатсвото.
Потоа зелката се става во зовриена вода околу 10 минути за да омекне.

Се започнува со подготовка на филот.
Во тава за пржење се става маслото и исецканиот праз, се пропржува и во тоа се додава оризот, па исецканите домати. И тоа убаво се пропржува, па се додава сојата. Кога ќе се тргне од оган се додава зачинот, црвениот пипер и сецканите краставички.
Во тава за печење се ставаат листови зелка на дното и потоа се редат сармите. Доколку ви остануваат уште листови зелка се покрива сармата и одозгора.
Се пече на 200 степени околу еден час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови