Бидејќи роденденот на сопругот е за време на пости и тортата мораше да биде посна.
Верувам рецептов ќе им се најде на сите што постат.

Сите состојки за пандишпанот измешајте ги.
Смесата истурете ја во округол калап за печење обложен со хартија.
Печете на 180 степени 15-20 минути.
Подгответе уште еден пандишпан со истите состојки.

Фил
Во тенџере на оган ставете го соиното млеко да се загрее.
Потоа додајте го шеќерот и прашокот за пудинг.
Мешајте додека смесата се згусти и сосема на крај додајте ги ванилите.
Оставете го кремот убаво да се олади, а потоа соединете го со претходно изматениот маргарин со шеќерот во прав.

На подлога за торта ставете го првиот пандишпан, одозгора нанесете од филот.
Ставете го вториот пандишпан и одозгора целата торта премачкајте ја со остатокот од филот.
Посипете ја тортата со мелени ореви и оставете ја во фрижидер неколку часа да се стегне.

Инаку во филот можете да додадете и 100-200гр. мелени ореви.
Јас не сакав да ми биде многу на ореви и затоа ги изоставив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани