Посна роденденска торта со портокал
Еве уште една посна торта. Синко пред некој ден славеше 4 години и нормално побаравме идеја од совет од искусни домаќинки. Тетка ми Викторија на тема кујна е царица. Има една магична соба со милион теглички на рафтови во неа и тетратка со мал милион рецепти па таа ми е секогаш *прва помош* за вакви идеји.
Постапката оди вака
Во подлабок сад за матење истурете 500 мл газиран сок од портокал. Додадете го маслото и шеќерот и промешајте со лажица за да се подрастопи шеќерот.
Во друг сад на страна составете ги сувите елементи ( брашно, сода, печиво, мелени ореви) и со постојано мешање додајте ги во садот со течноста. Убаво промешајте. Печете на 180 степени 25-30 мин.
Во меѓувреме се подготвува филот
Во сад на оган се става да проврие околу 700 мл сок, а во преостанатиот сок разматете ги пудинзите да не останат грутчиња и варете густ крем-пудинг. Оставете да се излади
Испеченото тесто поделете го на ленти (зошто јас одлучив да го печам во четвртасти плех) . Можеби требаше само на два дела ( а не на 3 како што е на сликата) зошто прилично висока испадна тортата, ама тоа ништо не смени во вкусот.
Во сад за матење пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав и додајте го изладениот пудинг.
Откако е кремот убаво изладен додајте сецкани крупни парченца чоколадо (зошто ако е потопол ќе ви се стопат) и филувајте ги корите
Со дел од филот украсете ја тортата и посипете со мелени ореви.
П.с Фала ти тето за рецептот и за тоа што ни го направи роденденот уште поубав
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови