Посна ресана торта
Аууу колку е добра, посакувам сите да ја пробате !
Иако е посна и има моркови во неа, тоа не е причина да не ја пробате, затоа што вкусот и е посебен и многу е слична со вкусот до ресана колачите, па така и го доби името. Дома инаку почнавме секој ден да ја правиме, дури ми здосадија со нејзе, ама пак лесна е за подготовка, па кога им е желба веднаш ја правам.
За тортава не ви треба миксер.
1. Ги мешаме сувите состојки, брашно, пециво, цимет, шеќер. Морковите ги рендаме на ситната страна од рендето.
2. Рендаме кора од еден портокал па портокалите ги цедиме. Сокот го ставаме во еден сад со мерки и до 250 мл доставаме вода.
3. Во истиот сад мериме 250 мл масло и го ставаме во смесата. Сите состојки ги мешаме со лажица или со вилушка.
4. Смесата ја ставаме во намаслено и набрашнето тавче бр.28 и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути. Сепак пробајте со чепкалка дали е готова. Оставете ја да се излади па прелејте ја со глазурата.
5. За глазурата ја топиме чоколадата заедно со сокот и маслото, на многу тивка температура и со неа го преливаме колачот.
6. Украсете по желба, јас украсив со сомелени аранчини.
Забелешка
Можеби ви се гледа многу масло, ама тортата вака излегува многу сочна, ако сакате пак намалете го маслото.
Лиценца: Сите права се задржани